Малдиви - последниот преостанат рај на земјата
Ако го барате "последниот преостанат рај на земјата", тогаш Малдивите се за вас. Палми, бели плажи со ситен песок, тиркизни води, мир и убавина - тоа се Малдивските острови.
Тие се наоѓаат во Индискиот Океан, југозападно од Индија.
Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од 26 атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700 км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Со површина од 298 квадратни километри и со 328.500 жители, Малдивите се најмалата и намалубројната земја во Азија.
Се претпоставува дека најстарите доселеници на Малдивите биле Дравидијаните од Јужна Индија, како и племињата Јака и Нага од Шри Ланка. Островите од 5 век п.н.е ги населиле будисти од Деканскиот полостров и од Шри Ланка, а во наредните векови арапски и малајски трговци. Со доаѓањето на Арапите, исламот ги заменил хиндуизмот и будизмот, двете религии што биле прифатени од дотогашните жители.
Поради својата богата подводна флора и фауна, Малдивите се идеално место за нуркачите и поради природната убавина - совршено место за сите кои сонуваат за сончев морски одмор. Температурата на воздухот варира помеѓу 24 ° C и 33 ° C во текот на годината и водата е топла: 27-28 ° C.
Малдивите не се евтина дестинација, па затоа е подобро да се истражи кој ресорт е најсоодветен за вашиот џеб. Во поголемиот дел од Малдивите можете да најдете само летувалишта, со исклучок на главниот град Мале, каде што има хотели.
Еве некои од работите што треба да ги направите на Малдивите:
-Посетете го Мале
-Нурнете во гребенот Banana Reef - ова е заштитено подрачје кое е познато по својата убавина, корали, подводни пештери и разновиден морски живот.
-Вечерајте во локален ресторан - храната е вкусна и свежа, а погледот е секогаш достоен за тоа.
-Whale Submarine - Оваа услуга е погодна за мали деца и луѓе кои не можат да нуркаат, но сакаат да уживаат во природните убавини.
-Риболов - се разбира, вие не мора да носите опрема, хотелите организираат риболовски екскурзии и ви нудат опрема.
-Посетете го Остров Батала - мал, убав и многу интимен остров, до кој може да се дојде во рок од 10 минути пешачење.
-Одвојте еден ден за СПА - местото предиспонира за релаксација и процедури. Мора да ги пробате.
-Водени спортови - Разновидноста на спортови на вода ви гарантира забавни моменти на кои ќе се сетите додека лежите на плажа на тиркизна лагуна.
-Посетете го Националниот музеј во Мале