Рецепти // Рецепти
Малините ги ставила во калап за мафини и додала две состојки: Од овој десерт јадете колку сакате
Не само што се прават брзо и лесно, туку овие мафини се и многу вкусни и уште поважно, здрави
Ви го пренесуваме наједноставниот рецепт за мафини со само 3 состојки! Не само што се прават брзо и лесно, туку се и многу вкусни и уште поважно - здрави!
Потребно е: малку малини, 2 банани и 4 јајца
Подготовка: изгмечете 2 банани, па додадете и изматете 4 јајца. Со смесата прелијте ги малините кои ги ставивте во плехот за мафини.
Удрете го плехот од масата неколку пати за да се ослободи заробениот воздух. Печете 12 минути на 190 степени. Потоа извадете ги од рерна и оставете ги мафините малку да се изладат пред да ги извадите од тавата.