Малите тајни на луѓето кои секогаш имаат чиста куќа

Добивај вести на Viber

Сигурно имате пријателка, чиј дом е секогаш беспрекорно чист


Се прашувате како, покрај сите обврски и активности што ги има во текот на денот, таа успева да врати сè на свое место и да направи сè да сјае и блеска. Од друга страна, вам ви треба цел викенд за да надохнадите со чистење околу домот: од смукање и бришење на подови, до миење садови, чистење на бања, пеглање и уредување облека. Која е нејзината тајна? Како нејзината куќа сјае дури и кога ненајавени гости доаѓаат да ја посетат?

Запишете си! Ви ги претставуваме малите тајни на сите оние чиј дом испушта свежина и изгледа совршено уредно во секое време.


Чистење во движење
Затоа, наместо да чекате еден куп садови да се соберат за да измиете сè на крајот на денот после вечерата, искористете го времето додека сте на шпоретот и додека го надгледувате ручекот за да го измиете она што се извалкало за време на појадокот. На овој начин, ќе потрошите ефикасно време, додека всушност гледате само со едно око, ручекот да не загори, ослободувајќи го и мијалникот од валкани садови. Исто така, ако користите машина за миење садови, ќе ви биде уште поедноставно. Не ги натрупувајте валканите садови на шанкот и во мијалникот, туку веднаш ставете ги во машината.


Дневно чистење
Имено, за да си дозволите да се одморите за време на викендите, наместо да потрошите 15 часа во чистење на домот, треба да стекнете дневна рутина за чистење. Секој ден, изберете една област на која можете да се посветите. Нека бидат прозорци денес, тоалет утре, полици задутре од кои ќе ја избришете прашината итн. На овој начин, си го олеснувате сами на себе и секако придонесувате да ја направите вашата околина почиста.


Размена на работни места
Зошто би чистеле вие сé ако во семејството има барем уште еден или повеќе членови кои можат да би помогнат. Децата можат да бидат од голема помош кога станува збор за изнесување на ѓубре или чистење на детската соба. Се разбира, за секоја успешно завршена задача, можете исто така да им дадете мали мотивациони награди, иако тие ќе најдат големо задоволство во помагањето. Тука е и партнерот, кој не е гостин туку и тој живее во домот, заедно ако чистите многу побргу ќе завршите и ќе си помогнете, а така ќе ви остане повеќе време за вас. Време во кое ќе можете да уживате заедно.


Музика во текот на чистењето
Вистина е, чистењето на куќата е претежно тешко за нас, но ако ја играте омилената музика во позадина, времето сигурно ќе помине полесно.


Завршете ја целата неопходна работа пред спиење
Пред спиење, проверете дали сè е чисто во кујната, дека чевлите се на место, дали ѓубрето е однесено во корпа, и дали трпезаријата е уредна. На овој начин ќе се разбудите без тешки утрински обврски.

Експертски совети: Ќе ви помогнат да го држите коронавирусот подалеку од вашиот дом