Малкумина знаат дека е „бомба“: Ова е сопругата на Саша Матиќ која му роди две ќерки

Саша Матиќ во 2003 година се ожени со прекрасната Анѓелија и со неа доби две ќерки Тара и Александра.

Саша е познат по тоа што е семеен човек, а како што вели и самиот сака секој слободен момент да го поминува со своите најблиски.

- Многу малку зборувам за овие работи, но можно е музиката да ми е еден од адутите. Сакам да го давам максимумот, но и да го вратам, па таму го наоѓаме балансот – изјави тој за „Стори“.


Според него, Анѓа е секогаш со него.

- Мојата сопруга е секогаш со мене, но јас не ја оптоварувам со кариерата. Има ситуации кога ја прашувам за совет, тоа е најмногу помош при изборот на гардероба, а кога е музиката во прашање, јас сум сам. Се сметам себеси за доволно компетентен и сум најголемиот критичар на сопствената работа. Само кога ќе завршам со снимањето на албумот, им пуштам песни на членовите на моето семејство и пријателите бидејќи нивното мислење ми значи. Нормална работа е жена ми да ме поддржува, да не беше така немаше да има семејство. Да немав здрав однос со семејството, ниту мојата кариера немаше да биде толку успешна – изјави Саша.

Анѓелија не се појавува често во медиумите, а нејзината убавина Саше ја крие добро.


Фото: Фејсбук/Анѓелија Матиќ/Инстаграм/Саша Матиќ

Немаше струја, се слушаа гранати и топови: Саша Матиќ со потресно сведоштво од детството