Малта како пролетен предизвик
Во Малта сигурно ќе се чувствувате како дома. Македонци има буквално на секој чекор. Во пресретнуваат на секое место, па дури и на улица.
Валета е официјален град на културата за 2018. Во градот живеат едвај 6000 луѓе, но затоа пак имам многу културни мигови кои треба да се доживеат. Списокот со изложби, танцови спектакли, литературни читања е навистина долг за сите туристи кои сакаат убавини.
Калориите не се бројат, кога сте турист некаде. Токму и затоа на Малта може да си дозволите неограничено уживање во дегустации на најразлични јадења кои тука ќе ви ги понудат. Додека сме на темата, ако морската храна е вашата слабост, тогаш пристигнавте на вистинско место. Октопод, лигни, риби… сѐ е подготвено мајсторски.
Ноќниот живот ви нуди интересна шанса да ги видите добрите барови и клубови. Нема да погрешите во ниедна одлука каде да се упатите.
Ако ги сакате цртаните, а посебно сакате да се потсетите на Попај од времето кога бевме деца, во Малта побарајте го селото на Попај.Тоа е една од интересните атракции на островот, која не смее да не се види.