Малта ми го даде она што родната земја ми го скрати: Се заработува и се живее како што сакате

На Maлта е лесно да се најде работа, но не можеме да седиме затоа што за тоа не не плаќаат, раскажува девојка од Ниш. 

Раскажува дека работат по девет часа или повеќе, а заработуваат по 5 до 8 евра за час. 

Вели дека на Малта заработува шест српски плати. 

Преубаво е чувството кога одиш на шопинг и не калкулираш. Твојата работа зависи од квалитетот- вели таа. 

Важни се трудот, и посветеноста на работа. 

- Мене Малта ми го даде она што Србија ми го скрати. По 34 години живот, сега живеам со полни гради- вели таа. 

Но, додава дека таму нема кому да се обратите за помош и сте оставени сами на себе. 

Додава дека Србија нема податок колку нејзини граѓани има на Малта, и затоа не можат да очекуваат никаква помош од матичната држава, затоа што за неа едноставно таму не постојат.