Мама сепак е во право: Мамини совети кои се чиста вистина!
Колку и да мислиме дека во се се разбираме и знаеме најдобро, дека нашите мајки се старомодни и често знаат како да разбудат нервоза со нивните коментари и совети, веруваме дека сте биле во многу ситуации каде сепак, мама беше во право за многу работи.
Тоа сигурно е така и во модата. Подолу, потсетуваме на неколку безвременски модни совети кои можеби сте ги заборавиле и, се разбира, тие доаѓаат од нашите прекрасни мајки.
1. Покриеното е секогаш попривлечно
„Дете, не оди голи", не секогаш се однесува на голи бубрези и стомаци, но исто така и дека не мора да се открие сè од себе (во секоја смисла на зборот). Мистиката секогаш е на цена и мајките тоа најдобро го знаат.
2. Дотерај се и за до продавница
Колку пати сте го игнорирале овој совет : „Какво малтретирање, кога продавницата е на само два чекори од дома?" Како и да е, колку пати на овие „два чекори" сте се сратнал со убавиот сосед, некој познаник, или уште полошо, некој што никогаш не би сакале да ве види во лошо издание?
3. Купувај квалитетни работи
Купувај работи кои ќе можеш да ги носиш во повеќе комбинации и кои се од уба материјал кој му годи на твеото тело.
4. Носи го парчето облека со самоувереност или не носи го воопшто
Ако го носиш тој краток фустан без самодоверба, сите ќе го видат тоа.
5. Што ти е гајле како се облекуваат другите
Ти си своја и она што си ти, така и треба да се облекуваш. Не мора слепо да ги следиш сите трендови.
6. Дотерај се и за по дома
Зошто да не?