„Мамо дали ќе умрам?“: Осумгодишниот Харви за да го излечи ракот, помина 400 ноќи во болница
За да го излечи ракот, поминал 400 ноќи далеку од дома
Сали никогаш нема да го заборави моментот кога нејзиното паметно и смешно петгодишно дете се сврте кон неа и ја праша: „Мамо, дали ќе умрам?“.
Тие шест зборови ѝ предизвикаа морници додека седеше во болничката соба на нејзиниот син во Сиднеј. Во 2021 година, Харви од многу живо момче станало летаргично. Моментот кога состојбата станала значително посериозна е кога се пожалил на болка при дишењето.
Лекарите првично го лекувале од бронхитис, но дополнителното тестирање го открило она што неговата мајка никогаш не го замислувала - Харви имал рак.
Потоа му била дијагностицирана високоризична акутна лимфобластна леукемија на Т-клетките, ретка форма на агресивен рак на крвта.
Скенирањето покажало дека срцето на Харви било буквално турнато на десната страна од неговото тело, левото белодробно крило целосно му колабирало, а меѓу градниот кош и белите дробови имало акумулација на течност и канцерогени клетки.
Со неговата мајка покрај себе, Харви бил пренесен од Нора во Сиднеј, што го означило почетокот на исцрпувачкиот двегодишен третман.
Сали морала да ја остави својата едногодишна ќерка Амелија на семејството и била ограничена на една посета неделно. Исто така, Сали била во првиот триместар со нејзиното трето дете, Арчи. Таа вели дека прилично ја игнорирала бременоста.
Третманот бил тежок, бидејќи Харви поминал повеќе од 400 ноќи далеку од дома. За да работте бидат уште полоши, починал неговиот најдобар пријател Блејк, кој шест месеци се лечел покрај него. Харви пронашол утеха во заедницата и настани организирани од добротворни фондации.
Фондацијата му помогна да се врати забавата во животот на Харви во болницата, рече Сали.
Сега кога конечно е дома, осумгодишниот Харви се враќа во својот живот. Сака забава и ја прифаќа радоста во секојдневниот живот, раскажала неговата мајка.
Фото:Приватна архива
Извор: Ona.telegraf.rs