Мамо, жал ми е за секоја твоја солза: Наташа Беквалац упати емотивна порака до мајка ѝ

Наташа Беквалац постојано истакнува дека нејзиното семејство - сестрите Кристина и Драгана и родителите Мира и Драгољуб - се вистинско прибежиште и поддршка за сите убави, но и тешки нејзини моменти.

Тие се нејзината најголема животна поддршка. Затоа ѝ се обрати на својата мајка Мира со особено трогателни зборови со цел да ѝ го честита роденденот.

- Мајко моја, среќен ти роденден. Извини за секоја солза, ти благодарам за безусловната љубов што ни ја даваш. Ти си најдобрата мама и баба на планетата, чест ми е што сум твоја ќерка. Те сака средната ќерка - напиша Наташа со фотографија од своето детство каде е со нејзината мајка.

Иако е мајка на три деца, Мира Беквалац не крие дека во животот најмногу имаше грижеше поради Наташа.

- Тешко е. Од работата до нејзиниот приватен живот. Многу е тешко. Ние го преживуваме сето тоа заедно, и нејзиниот емотивен живот и работа и децата и сè  - рече мајката на Наташа во емисијата со Огњен Амиџиќ и истакна дека не успеала да влијае на нејзината ќерка во одлуките што се однесуваат на приватниот живот.

- Таа оди, јас пливам по неа и тоа е тоа. Се омажи тајно сите три пати. Тоа е страшно, замислете го вашето дете да го прави тоа. Таа секогаш прави што сака. Таа прашува, но прави како што сака - истакна тогаш мајката на пејачката.

извор:story.rs