Мараја Кери ја тресе скандал: Кој ја обвинува за сексуално злоставување?
Американската пејачка Мараја Кери (48) се најде во центарот на скандал откако поранешната менаџерка Стела Булочников ја обвини за сексуално злоставување.
Таа изјавила дека Мараја „често се шетала топлес пред неа“.
Освен тоа, пејачката наводно „правела сексуални работи во присуство на Стела“, пишува ТМЗ.
Булочников наведува дека Мараја Кери има проблем со злоупотребата на дрога, како и дека не ги зема правилно лековите кои и се препишани поради биполарното пореметување, болест од која неодамна објави дека боледува.
Извор близок до пејачката пак рекол дека тужбата е „неоснована и дека се базира на неосновани тврдења“, од кои Кери ќе се бори силно и со успех.
Инаку во 2016-та година таблоидот Пејџ Сикс тврдеше дека Стела кон Мараја Кери не се однесувала како менаџерка, туку како „диктатор“.