МАРАЈА КЕРИ ЗА ПРВ ПАТ ИСКРЕНА: Последните години беа најтешки од мојот живот

Добивај вести на Viber

Пејачката Мараја Кери е позната позната по својот глас кој може да ве наежи, во последно време се врзува за скандали. Се уште се прераскажува нејзниот блам кога ја напуштила бината на Тајмс сквер во Њујорк пред да го заврши концертот.

Сепак, за тоа сега даде оправдание. Имено, таа боледува од биполарно пореметување.

-Последните години беа најтешки од мојот живот. Се повлекував во себе во константен страв дека некој ќе ме разоткрие. Се тоа ми стана премногу напорно, и морав себе си да си признаам дека мора да се лекувам-рекла пејачката и додала.

-Имав проблеми со спиењето, но тоа не беше обична несоница. Бев опседната со работата и оптеретена да не ги изневерам луѓето со кои работам. Се откри дека има еден облик на манија , која ме водеше кон исцрпеност и депресија. Мислев дека сум виновна бидејќи ја запоставив својата кариера -рекла пејачката која почнала со терапии и лекови.

Биполарно пореметување не може да се излечи, но може многу добро да се контролира со лекови, а нема сомнение дека пејачката ќе истрае во оваа борба.