Марија го однесе синот Марио на првиот летен одмор: Доживеа сѐ од што се плашеше (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Синот на Марија Шерифовиќ ужива во првиот одмор

Марија Шерифовиќ неодамна отпатува на море со својот наследник Марио. Синот на пејачката уживаше во првиот одмор, бидејќи покрај мајка му, друштво му правеа и пејачката Јована Пајиќ и нејзините ќерки, како и некои пријатели и кумови на Марија.

Пејачката и нејзиниот наследник ги дочека специјално изненадување во станот, балони покрај креветчето на кои пишуваше:

– Добредојдовте Марија и Марио!

Шерифовиќ во својот најнов блог откри дека Марио уживал, а како не кога сите брзаат да поминат што повеќе време со него и да му направат атмосфера за паметење.

- Решивме да го изнесеме Марио на плажа но тој ја откри магијата на водата, па ќе биде тешко да го извадиме – изјави Марија.

Пејачката во влогот откри и дека со денови била болна, дека има стомачни проблеми, На една другарка и се слошило а друга си го загубила телефонот.

Иако се плашеше дека ќе „фати“ стомачен вирус, Марија истакна дека среќа што ова и се случило нејзе, а не на синот.