Актуелно // Жолта минута
Марија Шерифовиќ го прекина концертот поради момци од публиката: „Ако биде мојот син таков, ќе се убијам“
Марија Шерифовиќ одржа концерт во Швајцарија, а во еден момент го прекина настапот поради четворица момци од публиката и веднаш им се обрати
Имено, Марија им се нафрли бидејќи цело време додека се обидувала да одржи краток говор упатувале навреди.
„Вие четворицата сте толку невоспитани, тоа е пекол. Вие сте неверојатно лошо воспитани, морам да ви кажам, извинете. Навистина сте лошо воспитани. Ако разбирате, ако не разбирате, преведете за нив... О, јас сум изнервирана... Но ајде, млади се. Не дај Боже мојот син да биде таков, ќе се убијам. Сега ќе ви простам, следен пат нема“, рече видно вознемирена Марија.
Публиката гласно ја поддржа со извици „Браво“ и аплаузи.
Ова не е прв пат Марија да доживее непријатност на концерт.
Извор: klix.ba