Марија Шерифовиќ откри колкава пензија има Верица: Еве на што ја потрошиле цела во Америка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Единствената пејачка која ја донесе Евровизија во Србија, Марија Шерифовиќ, покрај музиката често снима и блогови за својот канал на Јутјуб.

Таа во последниот блог на своите следбеници им покажа што правела нејзината мајка Верица Шерифовиќ на патувањето во Америка. Таму поминале пет дена, а пред патувањето Марија ја убедила мајка си да ги повлече парите од сметка за да ги претвори во долари.

Имено, Верица за петдневниот одмор потрошила 530 долари од пензијата, а Марија во својот блог открила колкави се всушност приходите на нејзината мајка.

- Од декември минатата година сум во пензија, имам 39 години стаж вкупно, што значи 11 години во Австрија и 27 години во Србија. Во Србија добивам 35.000 динари, а во Австрија околу 200 евра, со тоа што во мај и октомври добивам двојно во Австрија - рече Верица, а Марија додаде:

- Моментално поседуваш 700 долари и ќе ги повлечеш сите пари и ајде да ја потрошиме заштедата од пензијата - рекла Марија а Верица се согласила.

За време на патувањето, Верица парите ги потрошила на гардероба, аксесоари и работи за куќата. По враќањето во Србија и останале само 170 долари.

- Бидејќи денес е Меѓународен ден на мајката, еве 530 долари - ја израдува Марија.

- Боже, треба да платам струја. Ти благодарам ќерко, да си жива - рекла Верица, што ја насмеа пејачката.



Фото:youtube/screenshot/mariaserifovic