Марија Шерифовиќ со најголемите хитови во Скопје
Српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ ќе одржи концерт во Скопје на 17 март, во ВИП Арената, „Борис Трајковски“ од 21 часот. Шерифовиќ е еден од најдобрите балкански вокали. По хрватската група „Рива“ во 1989 година во Лозана, Швајцарија, таа е единствен победник на „Евросонг“ од регионот, со песната „Молитва“ во 2007 година во Хелсинки, Финска.
Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови како што се: “Молитва”, “Бол до лудила”, “Паметна и луда”, “Горка храброст” и многу други. Марија е актуелна со најавата на новиот сингл „Није љубав то“, во чиј спот се појавува во прегратка со разголен маж. Нпвата песна на Шерифовиќ ќе се промовира на 9 март. Таа е дел од жирито во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Концертот го организира „Прагма продукција“, а билетите се пуштени во продажба преку мрежата на КупиКартиЗаСе, по цени од 400 до 1500 денари.