Маријана: Значење на името и какви се оние кои го носат
Кога станува збор за женското име Маријана, постојат неколку теории и верувања за потеклото на ова лично име.
Основно верување е дека името Маријана има хебрејско потекло. Се верува дека потекнува од името Миријам. Подоцна тоа име преминува во името Марија. Ова име е посебно и многу симболично. Тоа го претставува името на Дева Марија, мајката на Исус Христос. И тоа од таа страна претставува чиста мајчинска љубов и поддршка.
Според некои толкувања, ова име потекнува од двата збора „mir“ - горчливо и „jam“ - море. Што во буквален превод од хебрејски јазик значи горчина на морето, но и „mir“ + „hanna“ (благодат).
Сепак, како едно од најчестите христијански имиња, потеклото на името може да се припише и на спојување на двете имиња Марија и Ана.
За личностите кои се носители на ова име се вели дека се со мирна природа, тивки, повлечени, исполнети со духовно знаење, додека материјално помалку ги исполнува. Кога станува збот за љубовта тие се големи сонувачи.