МАРИЈА: Откријте го значењето на името кое се празнува денес

Денес е празникот на мајката на животот. 

Меѓу дванаесетте големи христијански празници спаѓа и празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот попознат како Голема Богородица. Поради големиот култ што го има мајката Божја меѓу верниците, овој празник се празнува многу свечено со големи народни собири.

Денес именден слават сите што се викаат Марија.

Името Марија е од еврејско потекло, а означува љубов, сакање, посакување.

Но, на различни места го толкуваат поразлично, па има повеќе значења: 

-Онаа која го љуби Бог

-Возвишена

-Онаа која е сакана

-Госпоѓа

-Газдарица

-Убава

-Милостива