Марјана го замени Зафирчев со Дејан Лилиќ: Како излезени од моден едиторијал блеснаа на познатата тераса во Охрид
Долгогодишен партнер на Марјана на ова музичко случување беше Васил Зафирчев, но оваа година нејзина придружба како водител беше негов колега.
За овој свечен настан преубавата Марјана одбрала фустан во лаванда боја, струкиран со што ја истакна нејзината совршена силуета, со интересни детали од пердуви во посветла боја во долниот дел од фустанот.
Додека нејзиниот партнер одбрал палто со темновиолетова боја и црни панталони.
„Заврши уште еден Охрид фест. Голема благодарност до целиот тим на фестивалот на чело со нашиот драг Григор Копров, до екипата на Канал 5 Телевизија, до сите помагатели и пријатели кои помогнаа овој фестивал да опстои веќе 31 година. Благодарам и до мојот драг колега Дејан Лилиќ со кого оваа година ја имавме водителската улога на Интернационалната вечер“, напиша Марјана.
Фото: ИнстаграмРЖМ