Марс во Девица не им одговара на овие 4 хороскопски знаци: Нервоза, стрес и непотребни детали

Марс, планетата на акцијата, влезе во Девица на 10 јули, каде што ќе остане до 27 август 2023 година.

Девицата е земјен знак поврзан со прецизност, практичност, аналитички способности и систематичност. Марс, од друга страна, ја претставува планетата на енергијата, страста, храброста и акцијата.

Кога Марс е сместен во знакот Девица, оваа комбинација создава личност која е многу практична и фокусирана на детали. Луѓето со Марс во Девица често имаат високо ниво на енергија што ги насочува кон извршување на секојдневните задачи и постигнување цели. Тие се многу организирани и ефикасни во работата, бидејќи сакаат работите да се прават на вистински начин.

Како и секоја планетарна положба, Марс во Девица не одговара на сите, еве на кои:

СТРЕЛЕЦ

Марс во Девица ви создава пречки на работа. Не ги разбирате колегите и затоа постојано се расправате за детали. Оваа позиција на Марс ја чувствувате како притисок и поради тоа сè ви е над глава. Ќе имате впечаток дека луѓето ве принудуваат да правите работи што не се исправни.

РИБИ

На повидок е криза во деловното партнерство. Ќе имате впечаток дека некој ве убедува да донесете погрешни одлуки, па поради тоа постојано ќе влегувате во конфликти. Ако сте во брак, очекувајте расправии. Постојано ќе бидете во дефанзива бидејќи секој детаљ ќе влијае на вас.


Следна страна