Март во знакот на пари, за овие три знаци
ЛАВ
Ќе започнете нешто ново што ќе го зголеми обемот на вашата деловна активност и ќе ви донесе нови и задоволни клиенти на долг рок. Вашата заработка ќе почне да се зголемува месецов, ве очекува голем прилив на пари.
Обрнете поголемо внимание на односите со деловните партнери затоа што може да има неочекувани ситуации, кои ќе бараат итно решавање.
Ќе уживате во љубовта со саканиот и ќе имате доволно време еден за друг.
СТРЕЛЕЦ
Инвестирајте поголема енергија во постигнување на вашите цели, а особено во започнување на нови проекти. Вашите лидерски вештини и авторитет ќе се истакнат повеќе од вообичаено. Сатурн ќе соработува со Плутон во вашето поле за пари.
Ќе биде убав и забавен месец за вас и вашиот партнер. Ќе си дадете еден на друг доста внимание, а вашата врска ќе биде динамична.
РИБИ
Март ќе ви отвори поволни можности за да воспоставите нова соработка и да постигнете стабилност во веќе постојните форми на деловна соработка. Ќе постигнете голем успех и добивки и ќе се подобри вашето чувство за ракување со финансиите. Ќе започнете и важна работа што ја подготвувате долго време. Невработените Риби ќе имаат поволни можности за ново работно место.
Ќе ја подобрите комуникацијата со вашиот партнер и подобро ќе се согласувате меѓусебно.