МАРТИН ОД „НЕКСТ ТАЈМ“ : БИКИНИ ОД ЛУБЕНИЦА ВО ЗАНЗИБАР

Добивај вести на Viber

Гитаристот на дуото „Некст тајм“  Мартин Филиповски објави интересен спомен од одморот во Занзибар, каде што летуваше со девојката ,ракометарката Андреа Белеска.

„Ова е една од моите омилени слики“, напиша Мартин под фотографијата на која од парче лубеница се направени машки и женски костум за капење. По егзотичниот одмор, тој и Андреа се на патување низ Македонија.

Мартин и неговиот брат Стефан , како „Некст тајм“ се дел од македонско-бугарската турнеа „Една љубов“, заедно со Слаткаристика, „Фолтин“, „Љубојна“ и уште неколку бугарски пејачи.