Мартинијан петти, Македонците без поголем успех на Ѕвездите на Гранд

Вечерва се одржа финалето на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд. Од нашата држава имаше 4 натпреварувачи, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Дарко Коцевски и Филип Пецовски. Победата ја однесе 17 годишната Џејла Рамовиќ со 1017 гласови. Апсолутната победничка беше во тимот на пејачката Марија Шеровиќ. 

Од македонските финалисти највисоко се пласираше кумановецот Мартинијан Кириловски, кој освои 228 гласови. Тој беше во тимот на пејачката Јелена Карлеуша, а воедно беше и нејзин омилен кандидат.