Масимо го знаел точниот датум на својата смрт: Тони Цетински откри морничав детаљ од периодот на нивната соработка
Морничаво
На 61-годишна возраст во петокот во Загреб почина познатиот пејач Масимо Савиќ. Според медиумите, Савиќ починал во болницата во Виноград, каде се лекувал од рак на белите дробови.
Од популарниот пејач на социјалните мрежи се простија бројни регионални познати личности.
Тони Цетински објави неколку приказни на Инстаграм со слика на Масимо со песната „Странац у ночи“, дует со Нина Бадриќ, кој е еден од најголемите хитови во кариерата на Савиќ.
Пред четири години Цетински заедно со Масимо во дует го испеа големиот хит „23 декември“, тоа беше втора објава посветена на неговиот драг колега.
Видеото расплака многу фанови, бидејќи датумот на неговата смрт е точно 23.12.
- Почивај во мир Масимо. Моето искрено сочувство до семејството и вашиот тесен круг на големи луѓе – напиша Тони.
Foto: Instagram Printscreen/Tonicetinski