Маска за лице која го освои Интернетот: Ефикасна и едноставна

Добивај вести на Viber

Ние веруваме во научните напредувања, но веруваме и во рецепти кои ги тестирале девојки ширум светот. Еден од нив тукушто „експлодира“ на интернет поради својата ефиканост и едноставност - маска за чистење на кожата која дава свеж тен и преубава боја на тенот. 
Членовите на „Редит“ сајтот велат дека после употребата на оваа маска исчезнуваат сите воспаленија на лицето, се неутрализираат пигментските флеки и траги од акните - звучи толку прималиво што не можеме, а да не ја пробаме оваа маска.  

Маската за нега на лице се состои од две компоненти, кои секако постојат во било која кујна: мед и куркума. 

Рецептот е многу едноставен: половина чаша куркума во прав измешајте ја со две лажички течен мед, нанесете на лицето и измијте со студена вода по 20 минути. Во смесата можете да додадете и малку природен јогурт или павлака, козметичка глина или масло-зависно од состојбата на кожата и проблеми. 

Дерматолозите го коментираат „wow“ ефектот од комбинација на мед и куркума на следниот начин: „Медот е познат по своите антинфламаторни и антимикробни својства, што го прави клучна состојка за сопствениците на проблематична кожа, освен ако немате алергии на пчеларски производи. Куркумата е ефикасен антиоксидант, кој се докажа во борбата против акните, пигментацијата и неизедначената боја на кожа“. 

Во принцип, има смисла да се обидете, само земете ги предвид следните две важни точки: 

 -маската од мед и куркума прво нанесете ја на зглобот на раката во мала количина за следење на реакцијата на кожата 

 -куркумата остава портокалова нијанса на кожата, така да е најдобро да се користи оваа маска навечер или пред спиење