Ме мотивира Кара Розмари: Утринско кафе со Цеце Георгиев

Денот ми започнува и ми завршува со мојата ќерка Кара Розмари... Имаме наши ритуали како што се миење заби, туширање, доручек. Првото утринско кафе го пијам со сопругот од најдобриот целосно вградлив кафе апарат Миеле.

Ме мотивира Кара Розмари, нејзиното постоење е двигател на мојот живот и храброст за справување со разни животни предизвици

Најголема и најважна обврска ми е грижата околу Кара, тука исто така спаѓа и грижата околу коњите бидејќи професионално се занимавам со јавање и спорт, покрај секојдневните тренинзи се грижам и за негата на копитата на останатите коњи во коњичкиот клуб Бравадос што значи ги обрежувам и потковувам (еден вид на маникир) да може да ме разбере аудиториумот.

Денот ми завршува со туш, убава вечера и Розе вино се разбира со семејството.

Секогаш сум за релаксација со добра книга, но не ја исклучувам и варијантата за романтична вечера со свеќи и секако добар филм..

*Цеце Георгиев - најтрофејната наша мисица