Ме мотивираат други жени и личности кои се свои и инспиративни: Утринско кафе со Симона Салтирова

Денот најчесто ми почнува на работа, па скоро секогаш го пијам првото кафе во друштво со првите неколку клиентки.  

За водењето на личен бренд ме мотивира својата најдобра верзија од себе која е пред мене и ме води секогаш да експериментирам со својот потенцијал. Ме мотивираат и други успешни приказни, успевам да го препознаам тој стремеж и труд зад таа приказна и ме радува и ми прави повеќе да се вложам и јас. Ме мотивира и предизвик, други жени и личности кои се свои и инспиративни.  

Често деновите ги поминувам во студио со клиенти, или на сет понекогаш. Се случува и да отпатувам заради работа во друг град или држава кое ми е особено интересно и поразлично. Затоа во слободните денови уживам максимално.  

Денот го заокружувам во друштво на најблиските, понекогаш и во свое друштво кое особено ми годи по многу социјализирање.  

Помеѓу добра книга или добар филм? Добра книга дефинитивно. Живеам за книги кои знаат да ме допрат, филмови ретко гледам и со сила. 


*Симона Салтирова – make up артист*

Фото: Станков Антонио