Ме мотивираат позитивни луѓе и мојот син: Утринско кафе со Ивана Вангелова

Обично сум ранобуден човек. Станувам и без кафе неможам да го замислам денот. Пред да го однесам на градинка малото синче единче, ако имам време го пијам кафето дома, доколку немам го пијам со колегите на работа. Опкружена сум со премногу позитивни колеги, новинари во регионалната телевизија во која работам. Поголемиот дел од денот го поминувам заедно со нив. По работните обврски, слободното време го посветувам на мојот петгодишен син.


Ме мотивира кога на патот по кој се движам, иако на моменти е тежок, сепак вреди да се чекори по него. Ме мотивира се што е позитивно, ме мотивираат позитивни луѓе. Ме мотивира сонцето, природата, ме мотивира насмевката на мојот син. Ме мотивира иднината, целите што ги имам и соништата што сакам да ги остварам.


Како што веќе споменав, дневните обврските ги планирам и ги усогласувам во склоп со слободното време на синот. Често знаеме да се прошетаме во природа, во нашиот преубав парк во Струмица, а често му правам и друштво додека тој се вози на велосипед, а јас го дружам и возам на ролери. Понекогаш, знам да пуштам некој филм или да испијам кафе со пријателки. Морам да признам дека и мене и на синот ни е омилен викендот, во кој знаеме да си поспиеме до покасно.

Мојот син за мене е сѐ во животот, мојот двигател. Денот ми почнува и ми завршува со него.


Верувам дека на никој не му беше лесно со неочекуваната пандемија од коронавирусот, но мораме да се научиме и да живееме со тоа, присутно е меѓу нас е. Промени секако дека имаше. На почетокот и не чувствував некој страв затоа што не верував дека се работи за нешто од што треба да не фаќа паника. 

Но, карантинот и не го поминав лошо, затоа што седев најчесто во двор со најблиските, пиевме кафе, си разговаравме и се одморивме (се смее).


Знам да се задлабочам во содржината на некоја добра книга, но ако треба да избирам, помеѓу филм или книга, тоа би било некоја добра комедија.


* Ивана Вангелова- новинар во Регионалната ТВ Канал Вис, Струмица*