„Ме претепа, едвај преживеав“: Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ низ солзи проговори за насилството кое го претрпела

Добивај вести на Viber

Поранешната кошаркарка си ја отвори душата и раскажа низ што поминала со поранешното момче.

- Не би го посакала мојот приватен живот никому. Од едно до друго страдање. Неверојатно е тоа што ми се случи. Таткото на Стефан беше сосема поинаков од Шиме. И двајцата ги запознав на социјалните мрежи. Затоа сега никого не запознавам преку социјалните мрежи – ја започна својата приказна поранешната кошаркарка во емисијата „Преживеани“ .

Првиот погрешен партнер бил Шиме кој го запознала преку интернет, а тој, како што вели ја „купил“ со заштитнички коментари.

- Се заљубив. Го запознав 20-тина дена по европското, дојде кај мене и остана. Кога го подобро го запознав, верував во се, мислев дека постои некој кој е таков, но тој лажеше колку што можеше. Дури лажеше дека татко му е од Хрватска а мајка му од Србија, имаше лажен пасош, лажеше дека живее во Кан. По четири месеци, клопчето почна да се одмотува. Почнував да слушам приказни, но тој веќе успеа да ми влезе во глава, ми кажува дека убивал, дека бил во Пинк Пантери, како да ме подготвува дека ако направам некоја глупост или заминам , ќе се случи нешто лошо. Кога по петти пат останав без пари, бидејќи ми ги трошеше сите од сметката и крадеше, морав да заминам. Почнаа заканите со пиштол на челото, дека ќе ме казни, ќе го повреди моето семејство... Стравот ми влезе во коски – рече Милица Дабовиќ и додаде:

- Многу се плашев. Разбирам зошто овие жени молчат, разбирам зошто жените завршуваат два метри под земја. Поради тој страв не смеат ништо да кажат. Поаѓам од себе. Кога собрав сили по втор пат... Ги извадив сите пари од сметката и му ги дадов, после се не знаев што да правам освен да одам на полицијата. Знаеш што направи полицијата? „Добро е Милице не те уби“ – искрена беше Милица и во солзи откри како се чувствувала тогаш:

- Во тој момент чувствував дека требаше сама да го решам овој проблем. Да земев пиштол ќе лежев помалце затвор, подобро ќе беше  од она што го поминав. Имаше само забрана за приближување 40 дена, јас сум некој што можеш да го тепаш, а да нема ни модринка, а тој постојано ме тепаше, едвај преживеав. Најчесто ме тепаше од љубомора...  Еднашш ми се јави новинар и ми рече Милице, ќе ти се јавиме кога ќе го фатиме Шиме со друга, бидејќи јас не верував... А ноќта после ќотекот тој замина со една наша старлета, а јас само реков „Па кога ќе ги имаш доказите извести ме“. И ми се јавуваат сабајле со информации. Откако тој по ноќта дојде кај мене и му ги покажав доказите почна да лаже, да ми вика, да ме тепа, да ме удира, и да ме удира... А живее во мојот стан. Му реков да си оди, не се враќа, а полицијата веќе беше таму и ми се закани дека ако пријавам и кревам врева ќе има проблеми... изјави таа.

Таткото на нејзиниот син Стефан не ја тепал туку психички ја малтретирал.

-Тој беше Вук, така се претстави. Човек кој има своја компанија, работи во Виена, човек кој ќе ме врати во живот после таковиот љубовен колапс... Јас сум тотален идиот. Јас сум толку наивна будала. Но кога бев најранлива, знаете како ме фати... бев затворена во четирите ѕида, плачев, ослабев, само читав пораки и една ми „падна“ во око. Од милион, еден паѓа на око. И затоа повеќе не верувам во ништо. Не верувам дека има принц на бел коњ... Мислев дека е тој вистинскиот... Веднаш сакав да останам бремена со него, мислев дека само дете ќе ме спаси. Подоцна дознав дека бил некој што имал жена, дете зад себе, уште е женет, некој што се коцка, се е лажно, име, презиме, прав коцкар... Никогаш не знаев проценам човек, за мене сите беа добри затоа што секогаш почнував од себе... “, изјави поранешната кошаркарка, која денес живее сосема поинаков живот.

Фото:screenshot/youtube