Мебел во пастелни бои, тераса од соништата: Станот на Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина е рај во срцето на Белград

Добивај вести на Viber

Третото бебе неодамна пристигна, па сега петчленото семејство ужива во пространиот стан кој е нивното семејно гнездо

Актерката Тамара Драгичевиќ неодамна се породи. Пристигна третото бебе, син кој ја надополна семејната идила.

Кога пред 9 месеци дознаа дека Тамара е повторно бремена, нејзиниот сопруг актер Петар Бенчина и таа решија дека е време да го заменат стариот дом со поголем и поудобен, бидејќи сега ги има пет.

Дотогаш живеја во помал стан во срцето на Врачар, кој одлично им одговараше бидејќи беше блиску до градинката и училиштето во кое одеа нивните поголеми деца, ќерката Сташа и синот Лазар.

Кога решија да се преселат, не сакаа да одат далеку од центарот на градот, па затоа новиот имот е во срцето на главниот град на Србија.

Откако Тамара се врати дома со бебето, сѐ беше подготвено за новото малечко, а Петар по само неколку дена не одолеа да сподели убава фотографија на социјалните мрежи која остава без здив.


На неа го гледаме Петар како седи на подот покрај релакасаторот во кој е неговото мало синче, а зад него има пространа тераса со прекрасен поглед.

Освен бебето, на фотографијата на сите им падна в очи и неверојатно убавото зајдисонце, но и минималистичкиот стил во кој е уреден нивниот нов стан.

View this post on Instagram

A post shared by Petar Bencina (@petarbencina)


Дел од мебелот што можеше да се види од фотографиите е во крем, пастелни бои, а како што обично се случува кога се во прашање семејните домови, тука сè е подредено на удобноста и безбедноста на најмалите.

Извор: glossy.rs