Меган Фокс беше обвинета дека намерно ги облекувала своите синови како девојчиња: Нејзиниот поранешен сопруг ја откри вистината

Добивај вести на Viber

Познатата актерка Меган Фокс се разведе од Брајан Остин Грин во 2020 година по речиси 10 години брак. Иако се разделија, двајцата останаа во добри односи, пред се поради нивните деца.

Меган и претходно отворено зборуваше за тоа дека нивниот син сака да се облекува како девојче и дека го поддржува во тоа.

-Ноа почна да носи фустани на околу две години, па купив многу книги, за да се информирам на темата, да знам како да се позиционирам, да се изразам... Некои беа напишани од трансродови луѓе, некои беа за тоа како можеш да бидеш момче и во фустан. Навистина можеш се да правиш со облека, знаеш? И на крајот на денот, можеби нема никаква врска со вашата сексуална ориентација, изјави таа за „Гламур“ и додаде дека секогаш се трудела да се погрижи „ништо да не е чудно, туѓо и различно“ за нејзините деца.

-Меѓутоа, сега почнаа да кружат приказни дека Фокс „намерно ги облекува своите синови во девојчиња“, по што се огласи нејзиниот поранешен сопруг.

-Тоа е чиста глупост. Малку се оние кои се целосно упатени во сето тоа. Јас ви велам, нема вистина во тоа, изјави Брајан неодамна за TMZ.

-Само некој кому му требаат бројки може да тврди такво нешто и на кого навистина не му е грижа како тоа ќе влијае на односот меѓу родителите и децата“, посочи тој.

Засега Меган не објави ништо за ова.


Фото:EPA/PAUL ZINKEN