Meган Фокс ја откри тајната која и помогнала да ја преброди љубовната криза и да го сочува бракот
Поради тоа што може да доживеете криза во бракот, мора да знаете како да го спасите она што може да го спасите и на вашиот партнер да му покажете колку ви значи.
Познатата актерка Меган Фокс му го подари своето срце пред многу години на еден маж, актерот Барајан Остин Грин. Таа се смета за една од најубавите во Холивуд, а со години во нејзината прегратка ужива само нејзиниот сопруг.
Парот ја започнал врската во 2004 година кога актерката имала 18, а нејзиниот избраник 30 години. И покрај големата разлика во годините, се венчале во 2010 година, а 5 години подоцна поднеле барање за развод. Јавноста останала шокирана кога актерката е бремена по трет пат, но не открила веднаш дека Брајан е таткото бидејќи никој не знаел дека се смириле.
Меган и Грин денеска имаат три момчиња, а се појавија гласини дека планираат уште едно дете бидејќи актерката сака девојче. Таа открила како го спасила својот брак и го сочувала семејството на куп.
-Од време на време мора да се потсетиш зошто ти се допаѓа личноста со која имаш деца. Кога имаш толку луѓе околу себе и обврски, тоа лесно се заборава. Станете деловни партнери, а потоа излезете на состанок и помислите како таа личност неизмерно ве привлекува. Тоа е многу важно и ние се трудиме да излегуваме на средби што почесто“, ја открила тајната убавата Меган.