Меган Маркл ги враќа точките: Традиционалниот дезен може да се носи со сите парчиња од сезоната

Добивај вести на Viber

Меган Маркл и принцот Хари во неделата беа домаќини на хуманитарен поло натпревар во Санта Барбара, за поддршка на неколку локални добротворни организации, а војвотката од Сасекс пристигна на спортскиот терен со голем стил, привлекувајќи ги погледите на сите собрани.

Иако Меган последниве месеци ретко се појавуваше во јавноста, секој пат докажува дека има непогрешлив стил и секогаш не‘ воодушевува со елегантни изданија.

Овој пат, славната Американка избра елегантна, шик комбинација која зрачи со женственост и воедно остава ноншалантен впечаток, па така целиот аутфит беше одлично одбран за натпреварот поло, еден од најстарите и најпрестижните спортски настани што ги има секогаш анимирани аристократи и благородници.


Меган избра широки бермуди со висок струк - толку широки ногавици што всушност наликуваат на здолниште, а ова е ретро модел кој оваа сезона повторно е многу популарен. Заедно со ова ефектно парче, таа носеше и свилена, лелеава црна кошула со бели точки, модна класика која ја „крши“ секоја комбинација и дава дамски печат.

Познатата Американка го комплетираше изданието со црни кожни салонки со големи димензии, црн кожен ремен и ефективна, елегантна шапка. Глам-ефектот го засили огнениот црвен кармин на нејзините усни, како и дијамантските обетки, прекрасните локни и големите очила за сонце.

Но, внимание не привлече само модното издание на убавата 40-годишна дама, туку и тоа што таа не се одвојуваше од Хари, освен кога мораше и што заводливо му се насмевнуваше и разменуваше сочни бакнежи со него. Очигледно, животот во Америка им е многу пријатен, а парот се ослободи од дисциплина!


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot - My Duke and I Podcast