Меган Маркл во хитот оваа сезона: Удобни и модерни патики кои мора да ги имате
Најчесто со секој моден тренд, вклучително и со овој веќе некое време е носен како од многу трендсетери, но кога го носи на себе позната личност, тогаш тој тренд е официјално одобрен!
Скапите парчиња облека не секогаш биле еквивалентни за загарантираниот добар изглед, а честопати дури и не за квалитетот.
Патиките од овој (инаку француски) бренд се еквивалентни за квалитет, со оглед дека материјалите што се користат за нивна изработка се еколошки и природни (органски памук).
Цените се прифатливи, овие патики можете да ги најдете и по цена од 50 евра, додека цените генерално се движат помеѓу 70 и 150 евра.
Нивната популарност во светот на модата се должи на прилично ефикниот, а во исто време и класичен дизајн, лесно вклопувајќи се во практично сите видови стајлинг - тие изгледаат одлично во комбинација со костим, фустан, и секако фармерки и шорцеви.
Меган Маркл прво ги прошета на турнејата во Австралија пред две години, а од тогаш, до оваа сезона, тие полека но сигурно се сместија на горните полици во продавниците за чевли.
Фото: Инстаграм
И чантата и е посебна: Меган Маркл ја носеше на своите последните кралски должности