И еве ја: Модната икона Меган Маркл ги засени сите на церемонијата за кралицата во катедралата

Добивај вести на Viber

Војвотката Меган и принцот Хари го направија своето прво официјално појавување во јавноста во Велика Британија по повеќе од две години.

Принцот Хари и Меган Маркл повторно се обединија со остатокот од кралското семејство во катедралата Свети Павле утрово за Денот на благодарноста на кралицата, која одлучи манифестацијата да ја гледа на телевизија дома во замокот Виндзор.

Принцот Чарлс официјално беше домаќин на церемонијата на платинестиот јубилеј во Лондон денеска во катедралата.

Но, кралицата го пропушти историскиот настан по одлуката во последен момент објавена од Бакингемската палата во 19:30 вчера, откако доживеала „непријатност“ за време на настаните во „Триумфот на бојата“ претходно истиот ден.


За Денот на благодарноста на кралицата, Меган носеше бел фустан од  Диор со голема јака и тенок бел ремен на половината. А целиот изглед војвотката од Сасекс го дополни со бела голема шапка и бели салонки со високи потпетици. Белата боја е бојата на совршенството, таа симболизира невиност, чистота, добрина, светлина, нов почеток.

Сопругата на принцот Хари по две години повторно е во Велика Британија, па денес актерката повторно е тема број еден во медиумите ширум светот, а таа и принцот Хари во катедралата влегоа држејќи се за рака. 

Инаку, највлијателната жена во модната индустрија, уредничката на американскиот „Вог“ пред извесно време ја прогласи Маркл за најдобро облечена жена во светот.


Додека, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон блесна во бојата на сонцето, демонстрирајќи радост, среќа, интелект и енергија. Во жолт миди фустан Кејт и овој пат остана верна на својот стил и елегантност. Со необична жолта шапка, салонки во беж боја и препознатливата нејзина насмевка војвотката заблеска.


Посилните половини на војвотките за Денот на благодарноста на кралицата носеа фракови.

Инаку,  според истражувањето на YouGov оваа недела, повеќето млади ги поддржуваат принцот Хари и Меган. Но, генерално, парот изгуби многу симпатии од јавноста во Обединетото Кралство, и нивната популарност моментално е на најниско ниво.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм - видео - screenshoot

Се откажаа од кралските должности, ја навредија кралицата, сега ја слават: Принцот Хари и Меган Маркл најкоментирани на платинестиот јубилеј (ФОТО)