Мелани нема коса и заби, а и има многу слаб вид: Беше жртва на насилство и потсмев, а денес е еден од најплатените манекенки

Мелани Гајдос е родена со ретко генетско нарушување, но тоа не ја спречи да стане успешен модел и да ги оствари сите нејзини соништа.

Таа е една од оние манекенки кои модниот свет ги слави поради кршењето на идеите за конвенционалната убавина.

Имено, Мелани од самото раѓање боледува од ектодермална дисплазија, генетска состојба која предизвикува недостаток на коса, потни жлезди, заби, оштетен вид, деформација на плочката на ноктите и сува и пигментирана кожа.

И покрај тоа што била малтретирана поради нејзиниот изглед кога била помлада, тоа не ја спречило да стане познат модел.

„Од детството ме малтретираа и навредуваа поради мојот изглед, но камерата ми помогна да изградам самодоверба“, рекла Мелани.

View this post on Instagram

A post shared by Ekaterina Belinskaya (@avine_)


Појавувањето во музичко видео на Рамштајн и помогна на Мелани да го привлече вниманието на јавноста и да почне да добива голем број деловни понуди.

Вистина е дека некои сметаат дека нејзиниот изглед е вознемирувачки, а и тоа е стигмата со која Мелани се соочувала цел живот. Сепак, други ја ценат нејзината неконвенционална убавина и ја препознаваат нејзината неверојатна работа во светот на модата како инспиративен модел за прифаќање на различностите.

View this post on Instagram

A post shared by Zeze Araujo (@zzezzeeee)


Иако имала тешко детство исполнето со разни навреди и недостаток на самодоверба, денес се е поинаку. Како што вели, се чувствува добро во своја кожа, се прифатила таква каква што е и повеќе нема желба да „оди под нож“ и да менува нешто на себе.

„Луѓето во моето друштво се чувствуваат поудобно ако носам вештачки заби, но тоа не ми е ниту попријатно ниту поудобно“, искрена е таа.

Состојбата на Меланија предизвикува и раст на косата, па во пубертетот поради неможноста трепките да се пробијат низ кожата имала оштетување на рожницата, поради што денес има многу слаб вид. И покрај сето тоа, Мелани не се откажува и е решена да им покаже на сите дека е важно само она што е внатре.



Фото и Видео: Youtube/Инстаграм