Меланија Трамп е во болница: Морала на итна операција!

Добивај вести на Viber

Првата дама на Америка имала операција на бубрегот во Националниот воененски центар во близина на Вашингтон ова утро, се вели во официјалното соопштение.

Меланија Трамп веќе извесно време има „помали проблеми" што бараат медицинска интервенција.

„Ова утро, првата дама Меланија Трамп, беше подложена на емболизација за лекување на бенигна состојба на бубрезите, постапката беше успешно завршена и немаше компликации. Трамп е во Националниот воен клинички центар Валтер Рид и најверојатно ќе остане таму до крајот на оваа недела. Се радува на брзо оздравување за да може да ја продолжи својата работа во име на децата од целиот свет ", рече Стефани Гримсхем, директорката за комуникаци на Првата дама на Америка.