Првата дама на Америка имаше успешна ооперација на бубрегот во Националниот воененски центар во близина на Вашингтон.
„Ова утро, првата дама Меланија Трамп, беше подложена на емболизација за лекување на бенигна состојба на бубрезите, постапката беше успешно завршена и немаше компликации. Трамп е во Националниот воен клинички центар Валтер Рид и најверојатно ќе остане таму до крајот на оваа недела. Се радува на брзо оздравување за да може да ја продолжи својата работа во име на децата од целиот свет ", рече Стефани Гримсхем, директорката за комуникаци на Првата дама на Америка.
Претседателот Трамп беше во Белата Куќа за време на операцијата на неговата 48-годишна сопруга.