Меланија Трамп во јакна што ќе биде хит есенва: Идеална е за преодниот период

Добивај вести на Viber

Првата дама на САД, Меланија Трамп каде и да се појави не поминува незабележано, а фокусот се разбира секогаш е на нејзините модни изданија.

Меланија (50) вчера ја посети пожарната станица во Манчестер, американски град во сојузната држава Хемпшир, каде разговараше со шефот таму, а кој помага при вработување на наркомани.

Потоа разговараше и со мајка која се бори со зависност.

Во согласност со поводот кој бара сериозност, првата дама на Америка носеше беж панталони во комбинација со кафеава јакна изработена од четкана кожа што се врзува на половината.

Овој модел на јакна е дело на помалку познатата марка Ели Тахари, и ќе биде хит оваа есен и претстојната зима меѓу трендсетерките.

Аутфитот го надополни со кафеави салонки, кои ги обожава, а не се откажува од нив дури и за време на патувањата.

извор:stil.kurir.rs