Меланија Трамп засени со креација од 5000 евра
За британската зима Меланија Трамп избра впечатлива жолто-розова комбинација: капут во вид на наметка со розови детали со потпис на Валентино
Американскиот пар пристигна во Лондон по повод 70-тиот самит на НАТО.
Во лондонската палата Кларенс Хаус, Доналд и Меланија Трамп вчера попадне испија чај со принцот Чарлс и неговата сопруга Камила.
По средбата, имаа прием на кој се сретнаа со војвотката Кејт Мидлтон и англиската кралица Елизабета Втора која носеше зелен костум. Првата дама на САД се истакна со интензивна жолта креација со потпис на Валентино со детали во боја на фуксија, која може да се купи за околу 5000 евра, а со неа комбинираше високи потпетици во розова боја.
Иако овој собир е под облакот проблеми кој го доведува во прашање опстанокотот на НАТО, вечерниот прием кај кралицата беше свечен и гламурозен.
Војвотката Кејт Мидлтон носеше интензивно зелен фустан од новозелнадската дизајнерка Емилија Викстед кој чини над 1000 евра.
Кралицата Елизабета изгледаше прилично расположена иако во последно време е на мета заради скандалот со принцот Ендрју, кој на крајот е разрешен од кралските должности, а деновиве на социјалните мрежи се прошири и лажна вест за нејзината смрт.