Место приказна за добра ноќ, мајката чита новости од Фејсбук: Тажната слика за нашата реалност

Грдата слика за нашата реалност низ фотографии ја раскажа српскиот сајт Локалне вести, на својот Фејсбук профил.

Децата се осамени додека родителите, место да си играат со нив, гледаат во своите мобилни телефони. 

Партнерите седејќи на својот кауч во дневната соба не разговараат и не се дружат меѓу себе, се „дружат“ со своите мобилни телефони. 

Најтажната слика е детската, кога меѓу врсниците нема игра, туку вниманието им го окупираат повторно телефоните.

Детето очекува приказна за добра ноќ, а мајката проверува што има ново на социјалните мрежи. 

Приказната продолжува во спалната соба, кога жената се обидува да го заведе мажот, но тој не гледа во неа, туку во телефонот. 

Истата слика е и на романтична вечера. Вљубена двојка наздравува со вино, но ниту на вечера веќе не се оди без мобилен.

Фотографии: Al Lapkovsky