„Ми е гајле што мислите!“:Сопругата на Огњен Амиџиќ бесна поради коментарите за синот

Добивај вести на Viber

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ добија син на 9 март годинава. Парот за својот наследник го избра името Перун, а зад него се крие моќно значење.

Перун е машко име, тоа беше името на врховниот Бог во словенската митологија, тој беше господар на громот и дождот. Името „Перун“ е изведено од прасловенскиот збор, изведен од индоевропскиот корен „per“ односно „perk“ што има значење „да удри“ (да удри многу силно, насилно), „да пукне“ и наставката „un“ што значи оној што го врши дејството .

Сепак, на некои не им се допадна изборот на родителите. Сега Мина јавно проговори преку својот Инстаграм профил и реши да стави крај на полемиката околу изборот на името.

- Ми е гајле што мислите за името што го избрав за моето дете. Во принцип, не ми е гајле што мислите за ништо. Сакам да слушам мислење само кога го барам. Одржувајте лична хигиена и бидете добри– напишала таа.

Огњен и Мина се запознале и се заљубиле додека работеле на шоуто. Раѓањето на синот ја круниса големата љубов што се роди меѓу Огњен и неговата убава колешка Мина.


Фото: Youtube - screenshoot