Моден фокус // Трендови
МИ ОДЕШЕ МУАБЕТОТ СО ЖАН КЛОД ВАН ДАМ: Мики Црнокрак во друштво на славниот актер
Сопственикот на модното студио „Црнокрак“ сподели интересна фотографија на својот профил на Фејсбук.
Мики Црнокрак деновиве е во Кемер Турција, каде присуствува на изборот за убавина „ Miss Fashion tv“.
Покрај големиот број убавици кои беа дел од овој избор, сепак најголема ѕвезда на настанот бил актерот Жан Клод ван Дам.
Очигледно Мики уживал во интересно друштво, а доказ за тоа е фотографијата, која може да ја погледнете подолу.
„ Се запознавме уште првата вечер, на забавата за добредојде, во клубот во самиот хотел и седевме цела вечер на исто сепаре, разговаравме. Тој е отворен за разговор со сите, за сликање, давање автограми. Забавен е, шармантен, и харизматичен“, ни изјави Мики Црнокрак.