Животна училница // Приказни
Ми плаќа кирија да не останам на улица: Се огласи таткото на Шерифовиќ
- 18 Јули, 2019
Марија Шерифовиќ ретко зборува за приватниот живот, а особено за татка си Рајко, со кого не беше во добри односи. По нивниот бурен однос за кој шпекулираа и српските медиуми, тој неодамна одлучи да го прекине молчењето. Сфатил дека славната ќерка му го посакува само најдоброто и призна дека со години му плаќа кирија.
- Марија ми помага да преживеам, ми го плаќа станот и ми дава по некој динар за секојдневните потреби. Ќерката ме спаси да не останам на улица. Не ми треба многу за живот, благодарен сум - раскажа Рајко.