Криев дека ми е девојка: Проговори сопругот на Лепа Брена

Поранешниот тенисер, бизнисменот Боба Живојиновиќ, во едно интервју откри како започнала неговата врска со фолк-ѕвездата Лепа Брена. Во документарниот филм на Брена, „Годините на Слатки грех“, тој се присети на нивната љубов која на почетокот ја криеле.

„Играјќи на турнирите, ми се случуваше да сонувам, не знам од која причина, дека сум во врска со Брена“, раскажал Боба и открил како почнала нивната врска.

„Тогаш немаше мобилни телефони, па телефонските сметки ми беа огромни. Постојано бев на пат и со Брена се слушавме често, а врската моравме да ја држиме во тајност првите 2-3 месеци. На еден нејзин новгодишен настап дојдов со две женски, глумев фраер, не можев сам да дојдам“, изјави Боба.

„ Боба ме чекаше во соблекувална по настап. Му честитав Нова година, а тој ми рече: Доста беше, или одиш со мене или никогаш повеќе нема да се видиме. Му реков: Ми е гајле веќе и за пеењето, и за турнеите, каде што одиш ти, ќе одам и јас“, му реков на Боба додека летавме сами во авион до Австралија“, изјавила Брена. 

„На почетокот од нашата врска, таа ми правеше пита, сѐ самата правеше. Сѐ самите си готвевме, и знаев дека таа е жаната на мојот живот“, додал Живојиновиќ.