Миа Костова го прослави 38-от роденден: На забавата сите беа облечени во црно (ФОТО)
Сите во црно на роденден кај Миа Костова која вчера го прослави 38-от роденден.
Најпознатата и највлијателна инфлуенсерка вчера заблеска на забавата за нејзиниот 38-ми роденден, во друштво на нејзините најблиски пријатели.
- На цели 38, богатство е да ја наполниш масава со најблиските - напиша Миа и сподели дел од атмосферата во познатиот скопски локал во кој го прослави роденденот.
На забавата сите беа облечени во црно.Тамара Тодевска беше една од гостинките на роденденот на Миа, а инаку двете се многу блиски пријателки.
Покрај добрата забава, музика и храна, Костова имаше и роденденска торта на која ги дувна свеќичките, а нејзината желба ни ја откри во интервјуто кое го даде за Женски магазин пред неколку денови:
- Никогаш немам некои нереални желби, но тековно сѐ што ќе наумам остварувам. Имам една долгогодишна желба која никогаш не поминала, а тоа е да се преселам на море.