Миа Костова мотивира со трансформацијата: Покажа како изгледа после 24 денови вежбање (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Жена инспирација.

Миа Костова си постави предизвик да вежба 100 дена, и по поминати 24 денови во теретана, инфлуенсерката веќе ги покажа одличните резултати благодарение на нејзината посветеност и упорност.

Костова уште еднаш покажа дека е инспирација за многу жени и девојки, па и момци, откако по објавувањето на нејзините фотки од трансформацијата на телото, по речиси месец дена во теретана, ѝ пристигнаа тон пофалби, пораки, прашања и најважно, многумина признаа дека таа ги инспирирала да започнат со вежбање.

Миа откри дека од 30 дена, 23 одела на вежбање, исхраната не ѝ била ригорозно променета, а иако килажата и на двете фотографии е иста, промената е јасно видлива.

На фотографиите може да се забележи големата трансформација, но Миа не застанува овде, таа вели дека ќе продолжи да вежба не само поради физичкиот изглед, туку и затоа што сега се чувствува многу подобро психички.

Таа објави и фотографии од периодот кога била најслаба, апелирајќи дека слабото не значи здраво.

Миа откри дека е висока 168цм. а има 69 килограми.

По многубројните комплименти, таа продолжи да ги мотивира своите следбеници, споделувајќи искуства од минатото, како кога тежела само 53килограми.

Секоја чест за Миа.

фото:instagram