Мидлтон и Маркл вратија во мода нешто што обожаваше принцезата Дајана

Добивај вести на Viber

Тоалети со сличен елемент на крајот на минатиот век носеле принцезата Беатрис од Јорк и кралицата на Шпанија Летиција


Војвотката од Кембриџ Кетрин и Војвотката од Сасекс Меган  вратија во мода нешто што беше многу популарно во осумдесеттите години на минатиот век, пренесува Дејли Меил.

Периодов, Мидлтон и Маркл се појавуваат почесто со кошули или фустани со панделка околу вратот.

Весникот забележува дека тоалетите со сличен елемент ги носеле принцезата Беатрис од Јорк и кралицата на Шпанија Летиција на крајот на минатиот век.


Нивниот избор може да се земе како почит кон покојната принцеза Дајана. Таа носеше кошули и фустани со панделка често. За фотографиите со принцот Чарлс, таа носеше токму таков аутфит.

Според стилистот Сузи Хаслер, сопругите на британските кнезови го претпочитаат овој тренд, бидејќи деколтето додава елегантна линија и ги прави да изгледаат посебни.

„Кошулите во ваков стил одговараат на дами со било која фигура и ја истакнуваат нивната личност, поради што дамите на кралското семејство ги носат“, објасни таа.

За прв пат војвотката од Сасекс се појави во лабава бела кошула со панделка на настан минатиот февруари.

Поранешната американска актерка ја носеше кошулата во пантолоните и црно сако.

"Стилот на Меган е полабав. Таа ја остави панделката неврзана и со тоа направи многу добар избор. Ако вашите гради се помали, подобро е да ја врзете панделката", советува Хаслер.

Војвотката од Кембриџ избра фустан со панделка за нејзината посета на детскиот центар Хенри Фаут.

„Кејт е конзервативна и женствена во облеката што ја носи, па затоа таа секогаш аутфитот доколку има панделка ја врзува“, коментира стилистот.