Михаил Литвак: Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете!

Добивај вести на Viber

Михаил Литвак е доктор, психотерапевт и еден од најпризнатите психолози во светот. Тој, исто така е првиот човек кој го разви системот наречен „Психолошко аикидо“ и прв кој го употребил.

 Според др. Литвак, важно е да се разбира и околината и себе. Следните 20 совети токму од др. Литвак ќе ви помогнат во решавање на многу животни ситуации: 

 1. Ако човек нема што добро да каже за себе, а сака нешто да каже, тој ќе почне да зборува лошо за другите луѓе.

 2. Ако веќе сакате да гризнете нешто, загризете во наука (знаење) која е од гранит, а не во вратот на вашите блиски луѓе. 

3. Депресијата му е дадена на човекот за да се замисли малку за својот живот.

4. Никој не отфрлува никого, едноставно некои луѓе одат напред, а други заостануваат. Тие кои заостануваат мислат дека се отфрлени.

5. Ако мислите добро за себе, зошто е потребно и другите да мислат добро за вас?

6. Ако сакате нешто, не барајте дозвола. Нема да ја добиете! 

7. Способноста да ја сакате и добро да се сложувате со осаменоста е знак за духовна зрелост. Всушност ние најдобро функционираме кога сме сами. 

8. Незрелата личност често има знаење, но не знае како да го примени, додека зрелата личност има знаење и знае да го промени. Затоа незрелите луѓе ги критикуваат другите, а зрелите делуваат. 

9. Не знам кој е патот до успехот, но знам кој е патот до неуспехот – желбата да им се допаднеме на сите.

10. Не постои машка и женска логика, само способноста или неспособноста мудро да размислуваме. 

11. Ако сакате да го запознаете вашиот најголем непријател – погледнете се во огледало. Кога ќе се соочите со него, лесно ќе ги победите сите останати. 

12. Постигнете успех и сите навреди ќе исчезнат. 

13. Пријатно е да се разговара со пријателите, но корисно е да се разговара и со непријателите. 

14. Постои само една валидна причина да прекинете врска или да го прекинете работниот однос: неможноста за личен развој во тие услови.

15. Својата радост треба да ја делите и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, непријателите ќе се вознемират.

16. Не трчај за среќата и ќе го најдеш местото каде што се крие. Среќата ќе те најде тебе. Можам да ви го соопштам едното место каде што таа се наоѓа: во вас. Патот до тоа место е развојот на вашите способности до максимум. 

17. Среќата е нуспроизвод на добро организираното делување. 

18. Ако сакате некому нешто да докажете, тоа значи дека живеете за таа личност. Но, ако живеете за себе, тогаш не морате да докажувате ништо на никого. 

19. Фантазијата е гласот на нашите способности. На пример, јас фантазирам да пејам во опера, а немам ни глас, ни слух, па така тешко дека ќе стигнам до оперски пејач. Но, ако фантазирам за нешто што е во склад со моите способности, многу брзо ќе ги остварам своите соништа. Добро е кога човек може да си каже себеси: Се занимавам само со обидите да ги остварам своите соништа. 

20. Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек.