Милош Биковиќ за прв пат сподели фотка со наследникот: Го крена синот и ги разнежни сите
Милош Биковиќ на социјалните мрежи за прв пат сподели
фотографија со својот син.
Познатиот актер Милош Биковиќ и неговата избраничка Ивана Малиќ станаа родители на син кој го добија на почетокот на годината и го крстија Василиј. По раѓањето на синот, гордиот татко славеше цела ноќ со семејството и пријателите, а сликите и видеата потоа ги преплавија мрежите.
И додека Ивана често споделува фотографии со синот на социјалните мрежи, тоа досега не беше случај со Биковиќ. Тој ги воодушеви своите многубројни следбеници на Инстаграм кога објави фотографија со наследникот. Биковиќ лежеше без маица покрај базенот, додека го држеше малиот Василиј во раце над главата.
„Денес во Русија е Денот на таткото. (Овој доле на сликата е татко на овој горе), напиша Биковиќ покрај фотографијата. Дека сите позитивно реагираа на оваа фотографија на Милош со неговиот син, поткрепуваат и коментарите под сликата кои ги топат и најтврдите срца. Сепак, неговиот тренер остави коментар кој ги насмеа сите:
„Браво тато! Дојди на тренинг", се пошегувал тој со оглед на тоа дека на фотографијата се бицепсите на Биковиќ додека го држи малиот Василиј.
Фото: Инстаграм