Минатата година имаше само верска венчавка, а сега ќе прави гала свадба: Алек Хасановиќ откри дека ќе има 500 гости

Добивај вести на Viber

Младенците се сигурни дека на 29 април ќе направат модерната свадба за која долго ќе се зборува...

Некогашната „Ѕвезда на Гранд“, Алек Хасановиќ кон крајот на минатата година по верски обичаи се венчаше со својата избраничка Аида Цако и тоа во кругот на семејството, а сега реши својата венчкавка да ја прослави со голем свадба која е закажана за напролет.

Иако минатата година свадбената веселба недостасуваше, младенците се сигурни дека на 29 април ќе надокнат сѐ на модерната свадба која ќе биде во Тетово.

„Време е и пред матичар да кажеме „да“, бидејќи пред Бог кажавме. Се венчавме во ноември по шеријатските обичаи. Ете, запловив во брачните води и не се жалам, одлично ми е. Мислев дека сега е вистинско време да се оженам, да основам семејство и дека тоа го направив на време“ - истакна Ален за српските медиумите и додаде дека уште при првата средба со Аида знаел дека е она вистинската.

„Верувам во судбина, а што се однесува до мене и мојата сопруга, тоа беше баш судбина“ - кажа пејачот, а потоа откри и неколку детали поврзани со свадбата.

„Се подготвуваме, се наближува тој 29 април и скоро сѐ е договорено. Свадбата ќе се прави во голем ресторан, бидејќи сигурно ќе има околу 400-500 гости. Замисливме сѐ да биде модерно, луксузно и фино, се наведеваме дека сѐ ќе биде во ред, а нема причина да не биде“ - кажа Алек.

Тој за најважниот ден ќе ги ангажира своите пријатели од Музичката академија, додека како гости ќе повика и некои колеги од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, не негира дека и самиот ќе се фати за микрофон, но само ако биде потребно.

„Ќе ни пее Јасмин Мухаремовиќ и уште многу други пејачи. Инаку, сакам да пеам на свадби, но на својата ќе пеам кратко, всушност колку што ми бараат, а сигурно ќе сакаат“ - се пошегува пејачот, и истакна дека засега нема трема.

„Сите подготовки ги завршивме, мене ми е лесно за костум, остана уште невестата да избере венчаница“ - додаде Хасановиќ, кој од почетокот на врската добива голема поддршка од Аида.

„Жена ми често доаѓа со мене на настапите, многу ми помага, вклучена е и во снимањето на нови песни и во спотовите. Често дава свое мислење, бидејќи таа е во тој свет, слуша светска музика, морам да ја слушам“ - кажа и откри како ја запросил.

„Тоа го подготвував пет-шест дена активно. Секој ден организирав милион работи околу хотелот и слично, а на крајот сѐ испадна како што треба. Знаев дека ќе се согласи, ја распрашував порано, така што го знаев одговорот“ - кажа тој за „Гранд онлајн“.

View this post on Instagram

A post shared by Alen Hasanovic (@alen_hasanovic)


фото: Принтскрин / Инстаграм